Добредојдовте на страниците на Здружениот оддел за електронски компоненти, инструментација и мерења и полупроводничка електроника при Македонската секција на IEEE |
По прифаќањето на петицијата од страна на
раководството на IEEE
одделот е официјално формиран при Македонската
секција на IEEE на 16 јули 2007 година.
Одделот
ги здружува трите професионални одделенија
коишто се занимаваат со областите на
електронски компоненти, инструментација и
мерења и полупроводничка електроника. Во рамките на нивните
активности годишно се организираат повеќе
конференции во светот.
Секој
член на Македонската секција на IEEE може да
стане член на одделот доколку се зачлени
најмалку во едно од следниве одделенија на
IEEE: EDS (код 015),
IMS код 009)
и/или SSCS (код
037). Денес
е овозможено апликацијата да се достави и по
електронски пат.
Претседател на одделот
Владимир Димчев