Оддел ED/IM/SSC при Македонската секција на ИЕЕЕ


Извештај за активности во 2021/2022


Во 2021/2022 одделот одржа еден административен состанок, едена социјална средба а организираше и седумнаесет технички предавања.


На 24 февруари 2021 одржано е годишното собрание на одделот. Разгледуван е и усвоен извештајот за работата на одделот во 2020 година.


На 24 јуни е одржана средба на членовите во рамките на прославата на 75 годишнината од откривањето на транзисторот


Одржана е една презентација за развој на членството.


Одржани се активности за развој на членство меѓу студентите со цел што повеќе студенти да се зачленат во
EDS и SSCS. Одделот и финансиски поддржа зачленување на студентите во IEEE. Покрај тоа зачленети се повеќе студенти со акцијата што ја спроведува EDS овозможувајќи им на студентите (еднократно во текот на кариерата) бесплато членство во IEEE и EDS.


Одделот испланира средства за спонзорирање на межународниот студентски настан RoboMac но, за жал, поради ограничувањата наметнати од пандемијата со Covid 19, настанот за 2021 година беше откажан. Кога повторно ќе се организира сè уште не е познато.


Одделот спонзорираше повеќе студентски активности
.


Одржана е една средба од социјален карактер.


Потпретседателот на одделот Гоце Арсов учествуваше со свои презентации на три настани организирани за раководителите на одделте од
EDS и SSCS. Тој, на виртуелните состаноци на ЅЅСЅ (одржани на 30.07.2020 и 25.02.2021) пред присутните го претстави одделот и неговите цели и активности. Исто така, тој, активно учествуваше на настанот „Virtual EDS vTools training одржан на 24.02.2021.

 

Во декември 2021 е извршен избор на ново раководство. Гласањето е спроведено со помош на алатката v-Tools. Новото раководсто ќе ги преземе должностите по потврдување на изборот на Годишното собрание на Секцијата што треба да се одржи во февруари 2022 година.


Се очекува активностите на одделот да привлечат нови членови во
IEEE EDS и SSCS.


Сите технички насочени активности на одделот се отворени за секого и се бесплатни. Секој состанок (предавање) започнува со куса презентација за
IEEE EDS, IMS и SSCS.