Добредојдовте на страниците на Здружениот оддел за електронски компоненти, инструментација и мерења и полупроводничка електроника при Македонската секција на IEEE


По прифаќањето на петицијата од страна на раководството на IEEE одделот е официјално формиран при Македонската секција на IEEE на 16 јули 2007 година.

Одделот ги здружува трите професионални одделенија коишто се занимаваат со областите на електронски компоненти, инструментација и мерења и полупроводничка електроника. Во рамките на нивните активности годишно се организираат повеќе конференции во светот.

Секој член на Македонската секција на IEEE може да стане член на одделот доколку се зачлени најмалку во едно од следниве одделенија на IEEE: EDS (код 015), IMS код 009) и/или SSCS (код 037). Денес е овозможено апликацијата да се достави и по електронски пат.

Една од основните цели на одделот во Република Македонија е да им овозможи полесна меѓусебна комуникација на инженерите што се занимаваат со областите од интерес, но и да организира предавања од еминентни светски и домашни стручњаци, тркалезни маси и други видови состаноци како вид на континуирано образование.


                                                                                                       Претседател на одделот

                                                                                                         Владимир Димчев